Каков оџак треба да има мојот дом


За да се обезбеди добро влечење,потребно е оџачкиот систем да има три компоненти: огноотпорна и киселоотпорна цевка,изолација од камена волна и блок од термостабилен материјал.


Скоро сите семејства што живеат во куќа се соочуваат со слични проблеми кога е во прашање нивниот оџак.Тој или не влече,го враќа чадот,протекува,кондензира,го влажни и го валка ѕидот по што мириса цела куќа.Поради тоа се затнува,па семејствата викаат оџачар на секои две недели и го чистат.Тоа се случува со оџаци и материјали вградени во нив што не се соодветни за намената.

Повеќе... >>

ODZAK.com.mk во центарот на енергетската ефикасност


Град Скопје и Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH / Open Regional Fund for SEE – Energy Efficiency (ORF-EE), Nа ден на ден 23 Март 2011 пристапија кон отворање на Инфо центарот за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во рамките на регионалниот проект:


,, Јакнење на капацитетите за енергетски менаџмент во градовите,, “Capacity Building for Energy Management in Cities - Capital Cities Initiative (CCI)”. ODZAK.com.mk зеде учество со сопствен модел на оџак. Трокомпонентниот систем на оџак е дел од најновите трендови за обезбедување на градби со висок степен на енергетска ефикасност. Контролираното истекување на издувните гасови кај систетите за греење е од голема важност како за обезбедување на ефикасно согорување на горивата, така и за еколошките стандарди се повеќе присутни во обезбедување на квалитетни животни услови.

Повеќе ... >>